ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку

Од:

100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 денa од Владата на Димитар Ковачевски.

– 100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики. 100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери. 100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции. 100 дена влада, 100 дена порази. 100 дена влада и 5 години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш. 100 дена влада и 5 години СДСМ, криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба. 5 години СДСМ, 5 години како земјоделците мака мачат да го продадат произведеното. 5 години СДСМ, 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски