ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Од:

Здравството повеќе нема да биде жртва на лошо управување и злоупотреба! Благодарение на министерот Арбен Таравари, Клиниката за инфективни болести, по повеќедецениско запоставување, е реконструирана и опремена со најсовремена технологија. Со инвестиција од 1,5 милиони евра првиот кат е претворен во достоен простор за пациентите и медицинскиот персонал. Главните иновации кои до вчера ги немаше а денес се можни на оваа Клиника. Автоматски молекуларен дијагностички анализатор – единствен во регионот за PCR, CRP и HPV. Апарат за аспирација – целосно автоматизиран, прв од ваков вид во земјата. Дополнителна опрема: ЕХО, ултразвучна еластографија, гастроскоп, бронхоскоп, генератор, велат од ВЛЕН.

„Потсетуваме дека Клиниката за инфективни болести е пример за успешно и ефикасно управување. Затоа, истото темпо на работа и посветеност ќе се применува и во другите Клиники со единствена цел на нашите граѓани да им обезбедиме најквалитетни здравствени услуги.

Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“ откако ВЛЕН стана дел од владата и го предводи Министерството за здравство. Но, сепак треба да продолжи да се подложува на тежок третман за целосно да се регулира овој систем. Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорот за подобрување влијаеше на пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во текот на изминатите години ја изгуби не само својата репутација и доверба, туку и квалитетот на услугите кои се најпогодни за пациентите.

Здравството, како најважна алка во функционирањето на една држава кај нас, долго време беше осакатено. Бидејќи воопшто немаше инвестиција, се создаде систем кој лошо функционираше, каде здравството беше оставено во мизерија, а политичарите се лекуваа во странство. Оваа практика ќе заврши со новата влада, Владата на ВЛЕН, бидејќи ние сме посветени на подобрување на целиот здравствен систем.

Јавните здравствени установи ќе добијат поголем буџет од 100 милиони евра. Тоа значи дека годинава буџетот за јавните здравствени установи ќе биде околу 540 милиони евра. Но, тоа не е се. Потсетуваме дека по долги години позитивната листа на лекови е подобрена со 9 нови лекови. За прв пат во историјата на Македонија, ќе бидат ангажирани 1.200 нови специјалисти со решенија со кои ќе се надополни медицинскиот персонал за граѓаните да добијат најквалитетни здравствени услуги, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ мора да одговори: Што мисли НАТО за бојкотот на изборите и за политичката дестабилизација?

ВЛЕН: Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети, неговиот авторитет е целосно разнишан

Горан Наумовски

ВЛЕН: Минималната плата ја зголемуваме на 400 евра

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница