ВЛЕН: Здравството добива нов здив благодарение на министерот Таравари

Од:

Коалицијата ВЛЕН продолжува со својата непоколеблива и посветена работа за граѓаните на земјата, носејќи крупни проекти кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот. Денеска со гордост објавуваме дека во болницата “8 Септември“ во Скопје започна имплементацијата на извонреден проект, невидена инвестиција од 12 милиони евра, со која оваа здравствена установа ќе се модернизира и трансформира по највисоките европски стандарди. Овој проект опфаќа целосна реконструкција и најнапредна опрема на одделението за интензивна нега, со проширување на инвестицијата на површина од 2.000 m², каде што ќе бидат изградени седум супермодерни операциони сали. Со оваа инвестиција, болницата „8 Септември“ ќе се врати во здравствен дом од највисоко ниво, ставајќи крај на инфраструктурните и технолошките недостатоци од минатото, тврдат од ВЛЕН.

„Оваа стратешка инвестиција предвидува две специјализирани сали за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една за операции на уво, нос и грло, една за очна хирургија и како апсолутна иновација – роботска хирургија, која е прва од ваков тип во земјава! Ова е огромен чекор кон модерно и напредно здравство, каде што најновата технологија се става во служба на граѓаните.

Како дел од оваа голема инвестиција, целосно ќе се реновира покривот на болницата и ќе се постави ефикасен систем за греење и ладење, што ќе гарантира оптимални услови за пациентите и медицинскиот персонал. За прв пат операционите сали ќе бидат опремени со најнова генерација на хируршки маси, напредно LED осветлување, медицински компјутери, софистицирани апарати за анестезија, опрема за каутеризација, пумпи за инфузија, дефибрилатори и целиот потребен медицински инвентар. Тоа значи дека нашите пациенти ќе имаат супериорни здравствени третмани, како оние на најдобрите европски болници.

Министерот за здравство Арбен Таравари беше клучен двигател на овој трансформативен проект, покажувајќи ја својата извонредна посветеност на модернизацијата на здравството во нашата земја. Благодарение на неговата визија и поддршката на коалицијата ВЛЕН, нашите граѓани ќе имаат пристап до поквалитетни, поефикасни и подостоинствени здравствени услуги.

Овој проект ја означува новата ера на современото здравство во нашата земја! Инвестициите во здравството се инвестиции во животот и благосостојбата на граѓаните, а ВЛЕН докажува дека неговата работа и посветеност се над секоја политичка пресметка! Здравјето на граѓаните е апсолутен приоритет и тоа го докажуваме со конкретни и револуционерни проекти. ВЛЕН за граѓаните! ВЛЕН за подобар живот! ВЛЕН за модерно и европско здравство“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски