ВЛЕН: Поддршката за бизнисите, мотор на економскиот раст и создавањето на нови работни места

Од:

ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места. Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката што ја обезбедува државата, велат од партијата.

– Овој закон им овозможува на компаниите финансиска поддршка за инвестиции во нови производствени капацитети, опрема и модерни технологии, за отворање на нови работни места, како и за проекти во областа на истражување и развој. Овие мерки имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на компаниите и да создадат поцврста и подинамична економија.

ВЛЕН верува дека економскиот развој доаѓа од поддршката на претприемништвото, семејните бизниси и младите иноватори. Приоритет остануваат инвестициите, намалувањето на административните бариери и создавањето услови Албанците да ја градат својата иднина во државата.

Поддршката на приватниот сектор не е само економска политика, туку и инвестиција во благосостојбата на граѓаните и долгорочниот развој на државата. Затоа, ВЛЕН ќе продолжи да ги поддржува сите политики што поттикнуваат иновации, продуктивност и создавање на квалитетни работни места, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: На Ахмети му пречи прекинот на врските со Србија!

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

ВРЕДИ: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда