ВЛЕН: Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети, неговиот авторитет е целосно разнишан

Од:

Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети. Неговиот авторитет е целосно разнишан после скандалите со Артан Груби. Не може да наметне ниту едно решение, не може да ги консолидира редовите, бидејќи никој повеќе не му верува дека брзо ќе се вратат на власт. Очајот оди дотаму што тера инает на администрацијата на САД и упорно ги држи блиску до себе и го оправдува поведението на кадрите на ДУИ што се на црната листа, велат од ВЛЕН.

„На сценариото за бојкот и плановите на денот на изборите да се испровоцираат инциденти, претходела внатрешна кавга во фронтот на ДУИ. Темата била Струга. Затоа, наместо да ја дефокусира јавноста со лажна грижа за Албанскиот јазик, ДУИ треба да одговори: Дали Ахмети му кажал на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко? Дали е точно дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко заради нивни меѓусебни дилови?

Дали е точно дека Зијадин Села му се заканил дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга, ако Рамиз Мерко не е исклучен од ДУИ? Одговорите на овие прашања ќе го поткрепат нашето тврдење дека зад обидот да се предизвика политичка криза се крие страв од пораз заради внатрешни пресметки за да се заштитат поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски. Сценариото за бојкот нема ама баш никаква врска со наводната „деалбанизација” за која лажно критикува ДУИ. Албанскиот народ ја препознава оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на претстојните избори, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

Меџити: Таравари се самоисклучи од Вреди, самостојниот настап со советнички листи е во корист на ДУИ

Таравари: Алијансата за Албанците ќе оди со сопствени листи за локалните избори

ВЛЕН: Работниците во Пошта конечно го добиваат заслуженото

Не преговараме со ДУИ, има две опции за изборите, едната е со Влен, втората е да настапиме сами, вели Таравари

Горан Наумовски

Таравари: Господинот Биљали не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата