ВЛЕН: Не дозволуваме политичка уцена, СДСМ се обидува да ја измами јавноста!

Од:

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива позиција: се додека сме дел од владата, законот за „бранители“ нема да помине без вклучување на поранешните припадници на ОНА. Секој обид за еднострано донесување на овој закон е неприфатлив и е во спротивност со принципите на правда и еднаквост, велат од ВЛЕН.

„Во континуираните напори за извртување на фактите и создавање забуна во јавноста, СДСМ продолжува со неоснованите дезинформации. Нема прекршување на Деловникот на Собранието од страна на нашата пратеничка, Имарлие Салиу-Фетаи.

Потсетуваме дека г-ѓа. Салиу-Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјални работи, млади и демографија. Таа едноставно водеше точка од дневниот ред на Комисијата, за што доби овластување од претседателот на Собранието, согласно член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Така, г-ѓа. Салиу-Фетаи постапил целосно почитувајќи ги законските процедури и нема основа за тврдењата на СДСМ.

Јасно е дека преку овие постапки СДСМ и Оливер Спасовски се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавното мислење. Законот кој денеска го изгласа Комисијата се однесува на зголемување на пензиите, директно подобрување на животот на граѓаните. Реакцијата на СДСМ и Спасовски е отворен обид да се блокира ова покачување и да се избегне расправата за конкретни поволности за пензионерите. Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи оваа измамничка стратегија да ги прикрие вистинските проблеми со кои се соочува државата и нејзините граѓани. Коалицијата ВЛЕН останува посветена на транспарентноста, почитувањето на законите и заштитата на интересите на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Левица „сламката за спас“ на НАИ

ВЛЕН за Дебар: Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блато

Предраг Петровиќ

Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ

ВЛЕН: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”

ВРЕДИ: Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна како кула од карти

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски