А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

by А1он21/07/2025 - 09:09222
Share0

20-годишните празни ветувања на ДУИ ги претвораме во градба на вистински патишта. ДУИ речиси две децении ѝ владееше на државата, но регионите каде што живеат Албанците добија ништо. Ниту еден крупен инфраструктурен проект не беше изграден, ниту еден километар автопат кон Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан. Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Артан и Бујар. Патишта се градеа секаде освен таму каде што живеат Албанците. Додека државата градеше кон Криви Паланка, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија, ДУИ не се интересираше за градба на патишта во западниот дел на државата, велат од Влен.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Автопатот Скопје–Блаце беше ветуван повеќе од 20 години, а за тоа време беа неколку пати „промовирани“ два незавршени километри. Експерти за реклама и за маркетинг, никако за работа. ДУИ стана позната по церемонии без реални резултати, ленти без асфалт, ветувања без бетон.

Денес реалноста е поинаква, благодарение на Влен. Градежна офанзива гледаме секаде низ западните региони. Од Тетово, преку Гостивар, до Кичево и Струга, булдожери, камиони и асфалтни бази сведочат дека конечно се гради и таму.

Тивко, посветено, одлучно. Влен работи без помпа, но резултатите се видливи секој ден: нови траси, реконструирани делници и проекти во корист на сите граѓани.
Покрај патиштата, вложуваме преку 300 милиони во локална економија, инфраструктура, образование и зелена транзиција, затоа што развојот мора да стигне до секое село и град.

Следете a1on на Youtube YouTube

Граѓаните не забораваат. Тие гледаат кој гради, а кој позира. Срамот е на ДУИ, работата е на Влен. Додека ДУИ продолжува со празни зборови, Влен ќе продолжи со конкретни дела, затоа што фотографиите не градат патишта, туку инженери, работници и вистински проекти, тврдат од Влен.

avtopatduivlen

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 10:46

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Горан Наумовски09/07/2026 - 17:58

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

Горан Наумовски09/07/2026 - 15:34

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 08:0309/07/2026 - 13:42

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он08/07/2026 - 15:31

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

Горан Наумовски07/07/2026 - 16:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео