ВЛЕН: Да не се отвораат стари рани, добро е што претседателката ја потпиша заклетвата со уставното име

Од:

Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата реагираат од коалицијата ВЛЕН по заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова без „Северна„ во Собранието.

– Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по Уставно право. Северна Македонија е полноправен член на НАТО Алијансата и со почнати преговори со ЕУ, но не чекаат Уставни измени за да продолжиме по Европскиот пат. Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, се вели во соопштението од потенцијалниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата чија кандидатка беше Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае