Во согласност со нашата непоколеблива посветеност за поттикнување на развојот и напредокот на националната свест на Албанците вообласта на науката, уметноста и интелектуализмот, коалицијата ВЛЕН со задоволство го објавува започнувањето на процесот за институционализирање на Академијата на Албанците за наука и уметност во Северна Македонија, соопшти денеска од коалицијата.
Оттаму додаваат дека овој амбициозен проект ќе започне во градот на универзитети, во Тетово, но ќе биде официјално формиран во Скопје, поставувајќи темел за институција која ќе биде целосно посветена на науката и уметноста. Академијата на Албанците за наука и уметност треба да биде центар за развој на научни истражувања, унапредување на уметноста и зачувување на албанското културно наследство.
„Ние сме уверени дека создавањето на оваа платформа ќе обезбеди нови можности за истражувачите, уметниците и интелектуалците Албанци, со што ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и научната креативност во нашата земја. Оваа иницијатива има за цел да создаде амбиент во кој научниците и уметниците ќе можат да ги споделат своите знаењаи таленти, поттикнувајќи нова култура на совршеност и иновации“, велат од ВЛЕН, додавајќи дека оваа Академија ќе се фокусира исклучиво на науката и уметноста, без политички вклучувања.