ВЛЕН: Ахмети знае дека после пораз на локалните избори неминовно ќе се отвори прашањето за неговото лидерство

Од:

За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат сценарио кое треба да кулминира со бојкот на локалните избори, велат од ВЛЕН.

„Дел од ова провидно сценарио се нивните неосновани напади за наводната деалбанизација, кое треба да креираат лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции благодарение на коалицијата на ВРЕДИ со ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето за предвремени парламентарни заедно со локалните избори Али Ахмети го пласира не за да навистина се одржат, туку тоа да му биде аргумент зошто сака да ги бојкотира локалните избори.

ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживеат драматичен пораз. Нивните истражувања им го потврдуваат овој факт. Али Ахмети знае дека после пораз на локалните избори неминовно ќе се отвори прашањето за неговото лидерство. Не сакајќи да заврши како политички губитник тој како коцкар посегнува по последната карта – бојкот на локалните избори. Откако не му беше прифатена понудата да влезе во Влада наместо ВРЕДИ со четири министри, без претседател на Собрание заедно со ветување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие Кичево или Струга, ДУИ сака да предизвика политичка криза. Вакво предавство на Албанскиот народ не поминува. Казната за ова неодговорно однесување на корумпираното и заробено раководство на ДУИ ќе биде жестока, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби