Власта со лажен партиски ПР прави розова слика, меѓутоа луѓето знаат како се живее, вели Филипче

Од:

Власта води целосно погрешни економски политики со кои ја водат државата во погрешен правец, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со граѓаните во Битола.

Филипче предупреди дека државата се наоѓа на ивица на сериозна економска и политичка криза.

„Актуелната политичка состојба сите ја гледате, станува збор за едно безобразно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кое што сметаат дека не треба никому да даваат отчет, сметаат дека сè им е дозволено затоа што добиле огромна поддршка на минатите избори и влегуваат од грешка во грешка, и сè повеќе ја заглавуваат државата“, рече Филипче на средбата.

Филипче посочи дека работата со стратешките политики и работата со економските политики е таква што кога нешто ќе се погреши и кога ќе се тргне во погрешен правец, треба многу време да се одглави.

„Се водат целосно погрешни економски политики, сакаат да прикажат со еден лажен партиски ПР розова слика, меѓутоа не им оди, затоа што луѓето знаат како се живее – и со платите и со цените во маркетите – одбивајќи ги сите наши добри предлози и за храната и за струјата, нешто што ќе им олесни на граѓаните. Но, не – сметаат дека се премногу силни и продолжуваат без да слушаат никого. На крајот на краиштата ќе им се удри од глава и на граѓаните ќе им стане јасно, иако мислам дека и сега им е јасно што и како се случува“, рече Филипче.

Во обраќањето пред жителите на Битола, Филипче посебно внимание посвети на планираниот заем на Владата од Велика Британија, кој го нарече „преседан“.

„Овој заем што го земаа од Велика Британија е навистина преседан. Ние мислевме преседан е унгарскиот кредит, но не – можело и повеќе. Да земеш влада со влада, без контрола, пари со непознати камати, со непознати рокови – тоа е криминал. Тоа е како да одам јас со вашата лична карта во банка да земам кредит, да не ви кажам ништо, од утре вие да плаќате камати, пари, рокови – не знаете, ништо не сум ви кажал. Тоа е основа за кривично дело. Ама во нашава ситуација со Владата тоа е бизнис, очигледно“, рече Филипче.

Политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Филипче, го загрозуваат европскиот пат на земјата и ја ставаат во опасна група со земји кои се во криза.

„Многу се сериозни пораките од еврокомесарката Калас и од претседателот на Европскиот парламент, кои што велат – сега ви е времето, утре ќе биде затворена вратата. Но, власта нема намера ништо да направи – дополнително нè заглавуваат, да помине моментот на проширување, да влезат Албанија и Црна Гора, и да останеме ние со Косово и со Украина“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он