Власта и опозицијата се договорија за реформските закони во судството

Од:

Работните групи на власта и опозицијата ги усогласија ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судски совет.

Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ги разгледуваше амандманите кои се носат без дискусија.

За првата точка, за предлог законот за изменување и дополнување на законот за судовите беа поднесени вкупно 14 амандмани од кои седум беа прифатени.

Разидувањата на владејачкото мнозинство и опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.

Еден од клучните амандмани предвидува зголемување основите за разрешување на судиите и тоа доколку не ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ако открива доверливи информации од процесите што ги работи.

Втората точка на дневен ред беше и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на РМ. По оваа точка беа поднесени осум амандмани и сите осум беа усвоени.

Овие два закона се дел од реформскиот пакет закони што беше планирано да бидат донесени пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

На седницата присуствуваше и заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.

Како точки на дневен ред на денешната комисија не се најдоа законите за кривична постапка и јавно обвинителство, бидејќи како што дознава „А1он“ за овие закони власта и опозицијата не се усогласиле.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне