Власта брутално ги исфрли опозициските пратеници, а денеска им врачи и решенија за скратени плати

Од:

Опозициските пратеници денеска ги добија решенијата. Власта изгласа нивните плати да бидат само една третина од реалната плата.

Опозициските пратеници беа брутално на сила исфрлени од Собранието, и бидејќи, велат, режимот о суспендираше Уставот, Собранието не постои.

„Да, ги добивме решенијата, но тоа за нас не значи ништо. Лицето Трајко Вељаноски не може ништо, ниту ни ги дал, ниту може да ни ги земе мандатите.Народот одлучува кому дава и зема мандат. Ова ние го правиме за народот. За да има Собранието легитимитет, ајде да одиме на предвремени парламентарни избори, за да видиме како ќе одлучи народот“, изјави Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска