Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

Од:

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации кои стигнуваат од преговарачката маса, се уште не се разговарале деталите за референдумот, ниту за владиниот предлог закон за измени на изборниот законик за ДИК. Дел од присутните на средбата брифираат дека власта побарала гаранции за успешен референдум, од опозицијата пак реагираат дека владејачките партии дошле неспремни.

Во првиот сет разговори акцентот бил ставен на законот за финансирање на партиите и за концептот на техничка влада пред избори.

Лидерите на четирите политички партии Заев, Мицкоски, Ахмети и Касами придружувани од по уште еден партиски претставник направија половина час пауза, по што се вратија на средбата зад затворени врати.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата