Скандал: Владимир Панчевски со криминално досие-крадел решоа, магнетофони, радио од автомобил

Од:

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски зад себе има богато криминално досие уште од средношколските денови, а евидентиран е и пред единаесет години за кривично дело “насилство“.

А1он поседува материјали за бурното минато на Панчевски, неколку кражби и кривични дела за сегашниот претседател на Основниот суд Скопје 1, каде сега се одредува казна затвор и за украдена тегла ајвар или украдено шише сок.

Панчевски имал криминално минато, учествувал во неколку кражби во кои крадел радио апарат од возило, решо, магнетофони и грамофон.

На 24 мај, 1989 година Владимир Панчевски со уште двајца сторители провалиле во објект со кршење на врата. Целта биле прибори за апарати и камери, а предмет на кривичното дело било и украдено решо.

Два дена подоцна, истата година, Панчевски повторно направил кривично дело- кражба на магнетофони и грамофон со пробивање на врата.

На 27 мај со истата дружина, Панчевски обил моторно возило и извршил тешка кражба-украле радио апарат од автомобил.

На 20 јули истата година Панчевски повторно со уште двајца сторители провалил и крадел делови од моторни возила.

Истиот ден е запишан дека направил уште едно кривично дело со користење на име на туѓа фирма.

На 21 август истата година повторно направил ново кривично дело-тешка кражба со провалување и кршење, а цел на кражбата биле делови од моторни возила. Кражбата е извршена со уште двајца сторители.

По подолга пауза Владимир Панчевски повторно го збогатил полициското досие откако на 1 ноември, 2005 година го запишале дека извршил дело “насилство“ врз жена, односно врз извесна Н.В. од Скопје. Во доисето пишува дека се работи за “навреда“ но извори за А1он наведуваа дека приказната не завршила тука.

Токму во Основниот суд Скопје 1 каде што е претседател Панчевски сега паѓаат казни и за украдени тегли ајвар. Владимир Панчевски е во фокусот на вниманието откако петнаесет судии кренаа бунт против неговиот начин на работа во судот. Тој ја употребува и позицијата претседател на судот за спорот со дивиградбата на негово семејство во центарот на Скопје за кој упорно тврди дека не е дивогрдба, а нема дозвола за градба.

Панчевски е во постојана преписка и напади со претседателката на Врховниот суд, а сега и со предметот за дивоградбата на неговото семејство и со претседателката на Апелациониот суд.

Владимир Панчевски сега сака уште еден мандат како претседател на Основниот суд Скопје1, а одлуката зависи од Судскиот совет и неговиот како што тврдат судиите заштитиник, Зоран Караџовски. Наместо одговорност за сите скандали, Панчевски упорно тврди дека е чист, и дека се работело за политичка и медиумска хајка против него. Дали Панчевски со сиот товар зад него заслужува уште еден мандат?

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он