Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Од:

Врховниот суд ги одби барањата на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за преиспитувањето на правосилната пресуда. Со ова, врховните судии ја сметаат за исправна затворската казна од две и пол години која ја одреди Кривичниот суд, а ја потврди Апелација.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат“, велат од Врховен суд.

Ова е втора жалба на Панчевски до Врховниот суд. Претходниот пат, 13 дена откако влезе во затворот во Шутка, доби одлука од Врховниот суд со која пресудата се врати на ново одлучување во Апелација. Оваа одлука беше донесена бидејќи Панчевски барал јавна седница која не била одржана, но и по неа, ја доби истата две и пол годишна затворска казна.

За потсетување, Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари. Тој е осуден за случајот поврзан со АКМИС системот. Беше осуден за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседател на Кривичниот суд Панчевски

А1он