Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Од:

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски сам се пријавил да ја опслужи затворската казна која ја му ја намали Апелација за случајот поврзан со АКМИС системот, дознава „А1он“. Тој добил упатен акт за во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Во наредните денови, согласно правилата на затворот, ќе биде изолиран од останатите затвореници и сместен во приемното одделение, по што ќе биде преместен во друго одделение. Таму ќе треба да помина две години и шест месеци, колку што и му е изречената казна од скопска Апелација.

Панчевски првично доби 3,6 години затвор од велешкиот суд, а Апелација одлучи да му намали една година и крајната пресуда е 2,6 години затвор. Тој е осуден за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески