Владиките на Вранишковски сами се пријавија во судот

Од:

Владиците Давив Нинов и Марко Кимов само се пријавиле во судот и дале исказ пред истражниот судија. Со нив во судот се појавиле и уште четворица за кои полицијата кажа дека се недостапни за прогонот.

Судот не им одреди притвор но им ги одзеде пасошите и ќе треба секоја недела да се појавуваат во судот.

За 19-те осомничени меѓу кои и се и мајката и сестрата на Вранишковски и монахињи на ПОА полицијата рече дека префрлале средства преку невладина организација преку која купувале имот, а со цел да ги исперат парите.

Истрагата утврдила дека Вранишковски сакал да ги легализира 250-те илјади евра ги затаил од Македонската православна црква, во што му помогнале неговите следбеници. Преку здружението на граѓани „Анастасија“ со седиште во Нижополе, осумнаесеттемина осомничени во периодот од 2007 до минатата година ги раситниле парите во повеќе поединечни трансакции и ги уплаќале како донации на сметка на Здружението. Потоа купувале недвижен имот.

Би можело да ве интересира

Врховен потврди дека расчинетиот владика Вранишковски перел пари

Васко Маглешов

СПЦ и РПЦ го поздравија ослободувањето на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски од денеска на условен отпуст

Ана Ололовска

Обвинителството бара да се преиспитаат околностите за условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Обвинителството го обжали условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски на условен отпуст

Ана Ололовска