Владиката Петар бил уапсен за кражба и за лажно сведочење, тврди австралиската полиција

Од:

Австралиската полиција за „Мета“ потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење.

„Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс, во рамки на истрагата за кражба и за лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата“, соопшти полицијата во Викторија, одговарајќи на прашањето на „Мета“ дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.

Владиката Петар минатата недела демантираше дека полицијата во Мелбурн го уапсила, велејќи дека бил на сослушување по претходно добиена покана. Тој истакна дека веста за неговото апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот владика Наум и игуменот Гаврил, против кој се води црковно-­канонска судска постапка за расчинување.

Би можело да ве интересира

Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Ајкула долга пет метри уби 35 годишник во Австралија

А1он

Албанезе побара од граѓаните да почнат да користат јавен превоз

Момче почина во болница, шест дена по напад од ајкула во Сиднеј

А1он

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство