Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Од:

Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.

-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.

Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисла Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.

Османи предложи земјава да ги реализир уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.

-Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Северна Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Митева: Имаме рекорден прилив од странски директни инвестиции

Горан Наумовски

Митева: Постигнат е договор со банките за унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема