Владата одобри 1.2 милиони евра за спас на Преспанското и Дојранското Езеро

Од:

Владата на денешната седница донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот за 2020 година, наменети за решавање на проблемите со состојбата на Преспанското и Дојранското Eзеро.

– Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро. Владата ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро, и во таа насока донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро, се наведува во соопштението од владината седница.

Како што информира владината Прес-служба, Владата донесе Одлука и за одобрување на средства во висина од 30 милиони денари од Буџетот за 2020 година за Општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени