Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка

Од:

Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување. Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите, треба да одговoрат за своите дела. Не сакаме и нема да прејудицираме дали е некој виновен или не, но ќе сториме се тоа да се докаже низ правна постапка, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила владиниот агент, до 18 декември, односно во предвидениот рок, да го извести Европскиот суд за човекови права во Стразбур за ваквата одлука.

-Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа спротивни на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност, како и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани пред Судот во Стразбур, подвлече Маричиќ.

-Ние немаме друга алтернатива освен да останеме конзистентни на политиките и заложбите за неселективна правда што не ја загрозува презумпцијата на невиност на обвинетите, истакна министерот.

Според него, не треба да се прашува што ако државата го изгуби спорот во Стразбур, туку колку државата ќе изгуби ако не влезе во овој спор.

– Во изминатиот период правевме сериозни анализи и консултации со домашни и странски експерти и врз основа на тоа одлучивме дека имаме добри шанси да влеземе во овој спор и да ги браниме нашите позиции, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека проектот „Вистината за Македонија“ иницираше силни општествени, политички и правни промени во државата.

-Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Процесуирањето на кривичните постапки кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучително и оние што се предмет на апликациите поднесени до Судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кои се вреднува напредокот на нашата држава во процесот кон ЕУ, напомена министерот.

На 25 септември 2020 Судот во Стразбур на одговор до Владата достави две групи со вкупно девет апликации поднесени против државата. Обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското прислушување, односно од случаите на поранешното СЈО, поднесоа тужби пред Судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата на Иванов од 2016 година. Владата има рок да се произнесе до 18 декември 2020. До истиот рок треба да се произнесат и апликантите кои ја тужат државата.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства