Владата не ги усвои новите мерки за Ковид-19, прво треба да се менува законот

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за новите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот, но не ги усвои, откако било заклучено дека за тоа да се случи, прво треба да се смени законската регулатива.

Станува збор за повеќе рестриктивни и заштитни мерки кои минатата недела ги најави министерот за здравство Венко Филипче, по скокот на бројот на нови случаи на Ковид-19 во земјава. Меѓу нив е задолжителното носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, забраната за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, на семеен настан во eден стан да може да се примат најмногу четворица луѓе, како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22:00 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

„Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести,“ се вели во владиното соопштение.

На оваа седница, Владата ја усвоила и Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, и е прифатен текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот Договор за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски