А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата најавува борба со семејното насилство, а жртвите се без правна помош

by А1он02/07/2014 - 11:1102/07/2014 - 14:18202
Share0

Во време кога Владата го најави новиот предлог-закон за борба против семејното насилство, Министерството за правда одби три барања за бесплатно застапување во судски постапки за заштита на жртви на семејно насилство и нивните деца. Од друга страна, во сличен случај Министерството за правда делумно одобри бесплатна правна помош за поведување на постапка за развод на бракот, иако барањето се однесуваше и за застапување во судска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство и во кривична постапки за кривично дело Загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство, реагираат од проектот Пристап до правда во Македонија.

Добивај вести на вибер

-Од тие причини, апелираме Министерството за правда во понатамошната примена на Законот за бесплатна правна помош да обезбеди еднаков третман на жртвите на семејно насилство и во слични или исти околности да донесува исти одлуки, земајќи ги во предвид специфичните потреби на оваа категорија баратели кои станале ранливи поради определени околности, а сè со цел на жртвите и нивните деца да им обезбеди еднаков пристап до институциите на системот и ефективна правна помош, согласно начелото за еднаков пристап до правда.

Исто така, апелираме Министерството за правда посебно да ги има во предвид заложбите на Владата на РМ за поефикасна, сеопфатна, навремена и институционално координирана заштита од семејно насилство, согласно Предлог-законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, како и обврските на Р. Македонија што произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, чиј потписник е Р. Македонија, а која стапува на сила од 1 август 2014 година, пишува во соопштенито на проектот Пристап до правда.

pravdasemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Горан Наумовски28/06/2025 - 15:41

Ја давел и ја тепал сопругата со чадор, семејно насилство во скопски Бутел

Катерина Ѓуровски27/06/2025 - 09:01

Девојчето се качило на креветот да земе играчки, ова го налутило таткото кој крвнички тепаше 4-годишно дете

Катерина Ѓуровски26/06/2025 - 10:0526/06/2025 - 14:02

Гостиварка го претепала сопругот и ја искршила покуќнината

Горан Наумовски18/06/2025 - 12:29

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

Горан Наумовски01/06/2025 - 13:12

Маж од Марино ја тепал и ја давел партнерката, а потоа ја нападнал и нејзината мајка

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен