Владата најави измени на предлогот за дивоградбите, „за да се дојде до најдобро законско решение“

Од:

На својата денешна седница, Владата ја отворила дебатата за утврдување насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на Претседателот на државата Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

„Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение“, велат од Владата.

„Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните“, се додава во соопштението.

На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости.

Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, а дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Рокот за поднесување на пријавите за овој јавен повик е 1 јуни 2021 година.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер