А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата контра Чулев: Министерот донесе незаконски решенија за распоредување во МВР

by А1он19/02/2020 - 17:0519/02/2020 - 17:06439
Share0

Владата  ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски. 

Следете a1on на Instagram Instagram

„Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на предната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија. До моментот на одржувањето на 9-тата седница, техничкиот министер имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија, и дури 131 распоредување по вертикална линија што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино“, велат од Владата.

Оттаму велат дека на 9-тата седница, на која Владата донесе одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР, на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му биле објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби.

„Владата никогаш нема да си дозволи да „уништи“ или да „прикрие“ докази како што порачува Чулев, и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-тата седница на Владата“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Чулев денеска изјави дека премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука на Владата. Тој на прес-конференција пред Јавното обвинителство побара што побргу Обвинителство да направи истрага, да ги обезбеди доказите за фалсификатот, со што ќе спречи бришење, уништување или прикривање на доказите.

mvrnakje culevvlada

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео