Владина стипендија за докторанти кои ќе се запишат на реномирани универзитети

Од:

Владата денеска објави конкурс за доделување стипендии на лица кои ќе успеат да се запишат на докторски студии на еден од најдобро рангираните 100 универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, конкурсот ќе трае до крајот на годината и ќе ги покрива сите трошоции, за запишување, школарина, патување, престој и исхрана.

– Докторските студии треба да бидат до максимум 4 години по што лицето ќе има обврска да се врати во земјава и да работи во својата област најмалку две години за секоја за која добил стипендија,  рече Ѓорѓиев, нагласувајќи дека нема да има ограничувања на бројот кандидати и стипендии, ниту на висината на поддршката независно за колкава сума станува збор.

Владата идната недела ќе распише уште два огласа, за стипендирање студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп, на специјализираната програма што се спроведува со Универзитетот Френклин од Охајо, САД, како и за кофинансирање магистранти на Универзитетот Шефилд од Велика Британија во Солун.

– Ги повикуваме сите млади луѓе да ги искористат можностите што ги нуди Владата, да стекнат повисоко ниво на образование без никакви трошоци. Целта е да стекнат подобри вештини и перформанси кои многу ќе им значат во натамошната професионална реализација, како и во обезбедувањето сопствена егзистенција и придонес за развој на државата, истакна портпаролот.

Докторантите треба да имаат најмногу 35 години, просек минимум 8,5, меѓународно признат сертификат за соодветно познавање англиски или јазик што се зборува во земјата на студирањето, објавени три научно-истражувачки труда во претходните три години, како и препораки од професори доколку е вработен.

– Ако се запише на еден од универзитетите за кој важи стипедијата, кандидатот го известува Министерството за образование кое, во рок од 10 дена, е должно позитивно да му одговори, потенцира Ѓорѓиев.

Конкурсот за Економскиот факултет во Прилеп ќе важи до 1 јули 2013 година. Обезбедени ќе бидат пет целосни стипендии и 10 за кофинансирање 50 отсто од трошоците. тудентите ќе имаат можност за престој во САД, а по завршување на образованието ќе стекнат американска диплома со повиско ниво на вреднување во светски рамки.

За Шефилд се планирани 20 комплетни стипендии од 15.000 евра кои ќе се реализираат во соработка и партнерство со претседателот Ѓорге Иванов.  Кандидатите треба да имаат просек повисок од 8, соодветно познавање англиски јазик, работно искуство и да бидат постари од 24 години. Овој конкурс ќе трае до 15 септември.

Тој потсети дека се уште трае, до 31 август, и конкурсот за комплетно стипендирање додипломци и магистранти кои ќе се запишат на еден од најдобро рангираните 100 универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски