Владата ќе одлучува за протоколите за наставата

Од:

На седница на Владата која е закажана за денеска напладне, точка на дневен ред се предложените протоколи за реализација на наставата според конечниот предлог на Комисијата за заразни болести таа да се одвива онлајн, а следење со физичко присуство да важи само за учениците од прво до трето одделение и за училишатата со помал број ученици согласно со епидемилошката состојба во одредена средина.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека предлог-протоколите вчера биле разгледувани и со претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој заедно со Просветниот инспекторат ќе биде задолжен за контрола на реализирањето на наставата од аспект на хигиенските услови и почитување на здравствените протоколи. Според ДСЗИ, прифатливо е во училишните објекти да бидат присутни истовремено односно во една смена околу 50 ученици за време на наставата.

МОН до Координативниот кризен штаб минатата недела ги прати побараните податоци за секое училиште, особено за бројот на подрачните кои се наоѓаат во помали населени места или во рурални средини и за кои, главно, се однесува предлогот да може да организираат настава со физичко присуство зашто имаат помалку ученици и паралелки.

Според Наумовска, две третини од училиштата се токму тие, а во земјава има околу 450 основни и околу сто средни училишта. Во подрачните училишта наставата е вообичаено од прво до петто одделение, а потоа учениците одат во објектите на централните училишта и се распоредуваат во паралелките од шесто до деветто одделение заедно со децата од другите подрачни училишта.

-Околу две третини од училишните објекти се подрачни во кои учат многу мал број, околу десетина во паралелка, во некои населени места има само по две-три дечиња. Некои централни училишта имаат две до три подрачни, а некои имаат и по 15 подрачни во помали населени места. Вчера со ДСЗИ се разгкедуваше и точно кои училишта исполнуваат условите. Прелиминарно, прифатливо е во училишните објекти да бидат физички присутни околу 50 ученици за време на настава. Тоа е прифатливо решение за ДСЗИ, иако јас лично сметам дека не може да се врземе стриктно за бројка зашто има училишта со поголеми и други со помали просторни можности, рече Наумовска.

Додаде дека во овие училишта, каде што ќе има настава со физичко присуство, за учениците со ретки или хронични болести и за тие со посебни образовни потреби, родителите ќе треба да се изјаснат каков вид настава сакаат за нивните деца.

Посочи дека 15 септември не е утврден како датум за одложен почеток на учебната 2020/2021 и може да биде и порано. Поврзано е со функционирањето на Собранието кое треба да ги донесе измените на законите за основно и за средно образивание, според протоколите што ќе бидат донесени во однос на начинот на изведување на наставата и времетраењето на часовите кои се предлага да бидат пократки за десет минути од регуларните.

– Се надеваме дека Владата ќе ги разгледа протоколите и ќе донесе одлука. Како Министерство очекуваме да донесе што побргу одлука за да може да ја проследиме до општините и до училиштата. Почетокот не мора да биде 15-ти, може да биде и 10 септември. Ако Собранието побрзо биде функционално и ги има формирано работните тела односно комисиите, и ако тие законски измени ги изгласаат, можеби и побргу да биде донесена конечната одлука кога да почне учебната година, додаде Наумовска.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски