Владата ќе бира меѓу Јовески и Андреевска за „жешкото“ обвинителско столче

Од:

Од Владата за А1он потврдуваат дека Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители и Елена Андреевска, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултет за јавна администрација и политички науки се двајцата кандидати за кои Советот дал позитивно мислење да го заменат Марко Зврлески.

Владата сега треба да се одлучи кого ќе предложи како кандидат и ќе го испрати во Законодавниот дом на гласање.

Ова е првпат толку голем број, вкупно 23 кандидати да пројават интерес за оваа престижна но и одговорна функција. Меѓу претендентите, најголем број беа од адвокатската фела, но имаше и судии, обвинители и универзитетски професори.

Од Советот молчат кои биле критериумите, но речиси една третина од апликантите не добиле зелено светло затоа што не ги исполнувале условите односно имале некомплетна или неуредна документација.

Љубомир Јовески, за кого се смета дека ја има најголемата поддршка и шанси, пред се поради стручноста и искуството, не присуствувал на седницата на која се одлучувало. Неговите колеги велат дека се работи за врвен професионалец и тоа го докажал и како судија и претседател на Основен суд Скопје 2, но и како обвинител.

Сега на потег е Владата, а седумнаесеттиот обвинител почнувајќи од 1944 година, треба да добие најмалку 61 пратенички глас за да седне во жешкото столче, кое досега се поврзуваше со политичка послушност и непрофесионалност.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ