А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Владата ќе бара нова вонредна состојба од Пендаровски

by Кристијан Ландов14/05/2020 - 11:4814/05/2020 - 11:552118
Share0

Владата ќе побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, по истекот на вонредната состојба во сабота, тој одновно да ја прогласи на целата територија на државата. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека препораката е поради повеќе причини, но, конечната одлука ќе ја донесе претседателот Пендаровски по утрешниот состанок со Советот за безбеднсот.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба поради повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплементирање на препораки и во периодот кој што следува“, рече Филипче.

„Важно е прогласувањето на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите кои што важат и така натаму. Сеуште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести, практично можат да се имплементираат преку Владата“, кажа министерот за здравство.

Претседателот на државата, претходно кажа дека ако состојбата со коронавирусот се смирува, тој двапати ќе размисли дали ќе прогласи нова вонредна состојба, по трети пат.

Следете a1on на Youtube YouTube
koronavirus mkdvonredna sostojba

Би можело да ве интересира

Србија прогласи вонредна состојба

Горан Наумовски30/07/2026 - 14:24

Нобоа прогласи нова вонредна состојба во десет провинции во Еквадор

Горан Наумовски17/06/2026 - 11:40

Вонредна состојба во 16 американски држави поради студениот бран – Трамп: Чувајте се!

А1он24/01/2026 - 10:15

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео