Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Од:

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот на кризната состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со одлуката, кризната состојба се продолжува за периодот од 21 јули до 20 октомври, со цел да се обезбеди континуитет во институционалното постапување и можност за брзо преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари.

Од Владата велат дека со ова се задржува правниот механизам што овозможува навремена и ефикасна реакција за зачувување на стабилноста во снабдувањето, ублажување на последиците од евентуални пазарни нарушувања и заштита на интересите на граѓаните и стопанството.

Владата најавува дека и понатаму ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе презема дополнителни мерки за обезбедување сигурно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

По завршувањето на владините процедури, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување, согласно законските надлежности.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Цената на суровата нафта на највисоко ниво во последните пет недели – цената на нафтата „Брент“ е највисока од 2022 година

А1он

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Цената на нафтата од типот „Брент“ надмина 103 долари за барел

А1он