Владата ја почна постапката за прогласување кризна состојба во целата држава

Од:

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница, на која ја отпочна постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На оваа седница е донесено и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

Со решенијата на вечерашната седница, се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување на кризна состојба.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези