Владата излезе со детали за тоа како ќе се одвива полицискиот час во Куманово

Од:

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за воведување полициски час во Куманово, што значи целосна забрана за движење за време на викенд, почнувајќи од 21 вечерва до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година).

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната ќе важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено ќе биде движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

Исклучоците од забраната за движење ќе важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Владата ја прифати информацијата на Комисијата за заразни болести која препорача сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово.

Ќе се определат инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он