Владата и Собранието молчат за масовното прислушување

Од:

Владата и Собранието се уште ги игнорираат барањата на народниот правобранител, Иџет Мемети, за информации по однос на прекршувањата на правата и слободите на граѓаните во аферата со масовното прислушување која ја обелодени опозицијата и го попречуваат во неговото истражување за незаконско следење на комуникациите.

Управата за безбедност и контраразузнавање уште од април годинава го игнорираа државниот омбудсман, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, му одоговорил дека не може да му ги исполни барањата, а Јавното обвинителство одговорило дека станува збор за тајни податоци.

-Последно што направивме е што се обративме до Владата со посебен извештај за попречување во нашата работа. До сега молчат и од Собрание и од Владата – изјави денеска народниот правобранител.

Тој на 26-ти јули побара Владата да му помогне во барањето на информациите. Поради молкот Мемети во септември побара од Собранието да расправа на оваа тема, но два месеци подоцна парламентот се уште не го разгледал извештајот.

Мемети има отворено две постапки поврзани со незкаонското прислушување, една по сопствена иницијатива за прекршување на уставните и законските права на граѓаните, а втората ја доби во живо во емисијата Топ Тема на „Телма“ од уредникот Снежана Лупевска Созен.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител