Владата и општините заедно ќе го решаваат проблемот со поплавите во Полошко

Од:

Околу состојбите со превенција на поплавите во Тетовско, особено во реонот на Ѓермо над Порој, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека е запознат со тој проблем што било и целта на средбата со сите градоначалници од Полошко, како и претставници од други надлежни институции што била одржана во Министерството за транспорт и врски изминатиот период.

-Сите чинители во државата се договоривме да направиме анализа какви се проекти има во оваа насоки, бидејќи на терен веќе се реализраат неколку активности финасирани од странски донатори меѓу кои е и Швајцарската амбасада кај нас. Сакаме максимално да им помогнеме на општините да ги спроведат овие програми за заштита од поплави и во еден дел тие имаат добиено средства. За состојбите со Ѓермо и Порој има студија од порано за системот со брани, што веќе е руиниран и таму проблемот е сириозен, но работите се на добар пат и ќе обезбедиме средства за тоа, изјави Анѓушев.

За процесот на унапредување на состојбите во скијачкиот центар „Попова Шапка“, вицепремиерот Анѓушев рече дека „Елем Турс“, што моментално стопанисува со центарот започнал со процедурите за изработка на физибилити студија што има за цел управувањето да биде по пат на јавно приватно партнерство.

-Шапка нема зошто да биде во рамките на ЕЛЕМ и Шапка има потенцијал да биде еден од најдобрите скијачки центри, не само кај нас, туку и во регионот. Затоа Елем ќе ја финасира студијата за правење на јавно приватно партнерство, а физибилити студијата ќе прави консултант со меѓународно искуство и очекувам дека многу брзо ќе биде готова. Свои обврски во овој правец има и општината за средување и изработка на урбанистичките планови за тој дел, изјави Анѓушев.

Во однос на состојбите со „Југохром“ и изградбата на филтер станицата како неопходен услов за повторно активирање на печките, Анѓушев рече дека Владата доделила средства преку кредит од Македонската банка за поддршка на развојот во висина од околу 1,5 милиони евра за оваа намена.

-Бидејќи станува збор за приватна фирма со свој сопственик нашите можности завршуваат со доделените средства. Тие преземаат определени активности иако работите се одвиваа со забавено темпо во однос на нашите очекувања. Согласно договорот најпрвин сопственикот ќе инвестира за изградба на системот за отпрашување, а дури на крај ќе ги повлечат овие средства доделени од наша страна за завршување на проектот, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Не би сакал да шпекулираме за личностите во техничката влада

Ана Ололовска

Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер, Владата е насочена на економските реформи

Ана Ололовска

Што предвидуваат одредбите за преодна влада на 100 дена пред избори

Ана Ололовска

Димковски: Со измените на Законот за акцизи низа поволности за производителите на ракија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Размислував за оставка, но не се откажувам од борбата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Одиме на брзи предвремени избори, граѓаните да одлучат по кој пат сакаат да одиме

Ана Ололовска