Владата и Грковска замолчеа по лагите на Тупанчески, не одговараат дали е тоа стратегија за да се заборави аферата

Од:

Наместо санкционирање на министерот за правда, Никола Тупанчески, институциите решија да молчат и да не одговараат ниту на прашања, мислејќи дека така ќе се заборави целата лага и неетичност со патувањето и плаќањето во Палермо.

Десет дена, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска и самата не го почитува Етичкиот кодекс кој треба да го спроведува. Наместо транспарентно и отчетно да ја извршува функцијата, Грковска реши да не ѝ одговори на јавноста дали освен опомената, Тупанчески ќе биде казнет поради лагата дека сите трошоци за патувањето во Палермо сам ги платил, за потоа да признае дека летот и картата ги добил од ФФМ. Четири дена молчи и Владата на укажувањата дека Грковска која го опомена Тупанчески за нетранспарентното однесување, сега самата е не е транспарента кон јавноста. Овој молк, јавноста го толкува како обид да се заборави аферата.

По опомената кон Тупанчески, стана невозможно да се исконтактира и со вицепремиерката Грковска. Сега и двајцата се недостапни за јавноста. „А1он“ се обиде телефонски да добие изјава од Грковска, потоа преку прашања пратени на СМС, но и преку мејл испратен до нејзиниот Кабинет. Сите обиди беа безуспешни. Прашувавме која ќе биде казната за Тупанчески поради лагите во јавност, но и за патувањето на сметка на ФФМ. Дополнително, побаравме и став за тоа до која вредност смее да биде подарокот кој еден функционер смее да го добие, но и дали Тупанчески пред да стане министер летал со делегација на ФФМ, со што не би бил невообичаен неговиот сегашен потег. За сите овие дилеми, Грковска не даде одговор. Со тоа не се знае ни дали вицепремиерката проценила колкава штета е нанесена врз Министерството за правда по лагите на Тупанчески.

По кршењето на Етичкиот кодекс од страна на Грковска, „А1он“ побара одговор од неа и дали самата ќе си изрече казна поради нејзиниот однос кон јавноста кој не е ниту малку транспарентен. Од неа, нема одговор ниту на ова.

Молк и од Владата. Двајцата портпароли не вратија одговор на неколку прашања поврзани со постапувањето на Грковска и Тупанчески. Меѓу нив, дали лажењето на министерот за правда дополнително ја намалува довербата на граѓаните во институциите, како и дали Владата ќе преземе чекори за санкционирање на Грковска поради нетранспарентното однесување, а со оглед на функцијата која ја извршува. Портпаролите, не одговорија ниту дали се согласуваат со констатацијата на јавноста дека Владата има ПР стратегија со молчење да се заборави на патувањето на министерот Тупанчески на туѓа сметка.

Истовремено, опомената за Тупанчески поради недоволна транспарентност, не го промени неговото однесување. Тој и неговиот Кабинет и натаму продолжија со праксата да не даваат отчет и информации на јавноста. Оттаму, нема став за барањата за разрешување на министерот, ниту пак одговор, зошто тој се реши да ја излаже јавноста дека ги платил сите трошоци, за потоа да каже дека ФФМ му ги подмирила дел од трошоците.

Засега, Тупанчески остана неказнет за лагите во јавноста и патувањето во Палермо на сметка на ФФМ. Тоа беше одлука на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Откако Тупанчески и ги доставил податоците кои ги побарала, Грковска му испрати писмена опомена поради недоволната транспарентност кон новинарите односно јавноста.

Барања за разрешување на Тупанчески дојдоа и од стручната фела. Професорката Мирјана Најчевска јавно посочи: „Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, а откако на министерот му беше врачена опомена, таа се смееше и додаде: „А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле? Мислам да не се расплаче. Гонете се бре“.

Аферата за Тупанчески, кој на трибините навиваше заедно со јавната обвинителка Фатиме Фетаи и судскиот претседател Лазар Нанев, изби откако камерите ги прикажаа како навиваат од ВИП-трибина. За Нанев и Фетаи се води постапка во Советот на јавни обвинители, односно Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on