Владата го опомена Тупанчески, но не за лагата и гратисите од ФФМ туку за недоволната транспаретност

Од:

Нема санкција за министерот за правда Никола Тупанески поради манипулацијата со јавноста и патувањето на туѓа сметка за Палермо на фудбалски натпревар. Ова е одлуката на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Откако Тупанчески и ги доставил податоците кои ги побарала, Грковска му испрати писмена опомена поради недоволната транспарентност кон новинарите односно јавноста. „А1он“ праша, но не доби одговор, дали ќе се побара одговорност и за тоа што прво кажа дека ги платил сите трошоци за патувањето, по што ја промени изјавата и рече дека не платил за чартер-летот и билетот. Грковска не даде конкретен одговор.

„…Славица Грковска денеска до министерот за правда Никола Тупанчески достави писмена опомена за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата. Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција“, е краткиот одговор од Кабинетот на Грковска.

Двата членови за кои Грковска вели дека нејзиниот колега од Владата не ги испочитувал се однесуваат на односот со јавноста, но не и за примање подароци и делот поврзан со патувањата, кои исто така се врзуваат со Етичкиот кодекс. Нема конкретен одговор ниту на прашањето до Грковска, дали ова е единствениот прекршок или е само прва постапка. Во членот 17 стои дека носителите на функции не можат да примаат подароци. Односно, во случајот на Тупанчески, тоа може да е во износ и на начин регулиран со Законот за спречување корупција. Во делот на патувањата исто така има ограничувања.

Засега е познато дека министерот Тупанчески не бил поканет, туку сам се интересирал за начинот и условите за да отпатува со чартер-летот организиран од ФФМ. По ова, тие му дозволиле да биде дел од делегацијата, па му дале и карта за на ВИП-трибина. Досега, министерот во две гостувања, не спомена дека претходно имал пракса да патува преку ФФМ или во живо да ги следи квалификационите натпревари на македонската репрезентација. Одговор од ова нема ниту од Грковска, задолжена за спроведување на Етичкиот кодекс.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите