Владата го задолжи МВР да ги активира изготвените и неиздадени пасоши кои се во МНР

Од:

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи.

Исто така треба да се изготват и активираат патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Република  Македонија во странство, до моментот на стапување на вонредната состојба предизвикана од Ковид–19, и да ги достави до Министерството за надворешни работи.

На 81-вата седница, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, доставените изготвени и активирани патни исправи, по дипломатски пат, да ги проследи во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, а службените лице во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, врз основа на приложен документ со слика за лична идентификација, да ги издадат изготвените и активирани пасоши на подносителите на барањето за патна исправа.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби