А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата го утврди текстот на Законот за учебници, бил усогласен со препораките на ЕК

by А1он27/04/2021 - 22:14312
Share0

Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, во кој се опфатени и стратешките документи и препораки на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Владината прес-служба соопшти дека при изготвување на новото законско решение се земени предвид овие документи на ЕК кои во фокус го имаат развојот на дигиталните вештини на учениците, креирање и употреба на дигитални наставни материјали, развој на едукативни платформи, дигиталните вештини на наставниците и трансформација на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците, со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес.

– Имено, во септември 2020 година Европската комисија усвои две иницијативи чија цел е да го зајакнат придонесот на образованието и обуката во закрепнување на ЕУ од кризата и да помогнат во градењето „зелена“ и дигитална Европа. Првата иницијатива е заживување Европска област за образование со шест димензии: квалитет, инклузија и родова еднаквост, зелени и дигитални транзиции, наставници, високо образование, посилна Европа во светот. Втората иницијатива е новиот Акциски план за дигитално образование (2021 – 2027) со иницијативи за висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование во Европа, информира прес-службата на Владата.

Планот предвидува акција и посилна соработка меѓу земјите членки на европско ниво, како и меѓу сите засегнати страни, со цел системите за образование и обука да се направат соодветни за дигиталното време.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Здравствената криза го стави учењето од далечина во центарот на образовните практики.

Тоа ја истакна потребата од унапредување на дигиталното образование и негово третирање како клучна стратешка цел за висококвалитетно учење и учење во дигиталното време. Како што ќе се надминува фазата на вонредна состојба наметната од избувнувањето на пандемијата, така ќе расте потребата од развивање стратешки и долгорочен пристап кон дигиталното образование и обука. Спомнатите иницијативи ќе треба да понудат начини за подобрување на квалитетот, особено во однос на основните и дигиталните вештини, да го направат училишното образование поинклузивно и родово чувствително и да ги подобрат постигањата на учениците, се наведува во соопштението.

Владата нагласува и дека Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование доаѓа од потребата од воведување целосно нов систем за изработка и одобрување на наставни средства и материјали, како резултат на консултациите со засегнатата и стручната јавност, наставниците, учениците, но и со родителите/старателите околу квалитетот на учебниците.

obrazovanieucebnicivlada

Би можело да ве интересира

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски09/06/2026 - 08:2009/06/2026 - 09:14

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто