Владата ги усвои препораките: oд утре почнува полицискиот час од 22-5 часот, ќе трае до 22 март

Од:

Владата на денешната седница, која се уште е во тек, ја донела одлуката за прогласување полициски час на територијата на целата држава.

Полицискиот час ќе почне од утре, ќе трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро, до 22 март.

„Станува збор за неполни две седмици, односно 12 дена. Освен ова, се воведуваат ограничувања за задолжителен домашен 14 дневен карантин за лицата кои се враќаат од афричките држави и да се обезбеди карантин, односно објект за странци кои доаѓаат од афричкиот континент“, соопшти премиерот Заев.

За останатиот дел од одлуките, во однос на деталите за движење, работата на економските оператори, меѓународниот, домашниот, авионскиот превоз, како и издавањето дозволи за движење, беше објавено на Фејсбук страницата на премиерот.

Имено, одлуката за забрана за движење нема важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

„За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат најмногу ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето на полициски при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна“, стои во одлуката.

Со заклучок на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана на движење.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

За дополнителните исклучоци во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба, ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.

„Ние стоиме целосно подготвени. Ќе има засилени контроли од МВР и од инспекциите, бидејќи очигледно граѓаните се опуштија, а самиот број на заразени граѓани ни алармира дека итно мора нешто да се преземе“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески