Владата ги усвои плановите за физичка настава, учениците на 1 септември влегуваат во училиштата

Од:

Владата на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование, согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, оваа одлука на Владата го зема предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците.

Притоа земени се предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.

– Плановите на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2021/2022 година се базираат на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје, стои во соопштението.

Плановите ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот, кои се сообразени со Протоколите за постапување на основните и на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер