Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за нови директори на центрите за социјална работа

Од:

Владата вечерва донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

-Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на вд директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа„.

Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката.

Техничката министерка, спротивно на законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба) ги донела решенијата за разрешување и решенија за именување на други вршители на должност директори во јавни установи меѓуопштински центри за социјална работа, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски

Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов