Владата ги ажурира податоците, за граѓаните по пет месеци да ги добијат 6.000 денари кои им беа ветени

Од:

Парите кои државата им ги вети на граѓаните со ниски примања со четвртиот пакет мерки, а не ги добија, треба да бидат исплатени до крајот на мај. Собранието по два месеци блокади го изгласа амандманот на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани.

Сега, на ред е Владата да ги ажурира податоците на веб-страницата „Купувамдомашно.гов.мк“ и да ги испрати до банките, по што ќе се изврши исплатата. Тоа значи дека граѓаните со блокирани сметки, чии банки одбија да им отворат потсметки за да им ја исплатат помошта, ќе бидат распределени во други банки.

„Законската измена ги покрива граѓаните кои имаа блокирани сметки и неажурирани податоци до 25.12.2020. Владата прави сѐ, парите да стигнат до оние на кои им се најпотребни. “, велат од Владата за„ А1он“.

Засега нема информација кога ќе биде завршена прераспределбата, за да по скоро пет месеци, 22.000 граѓани со ниски примања, конечно ги добијат средствата кои државата им ги вети со четвртиот пакет мерки. Од увидот што „А1он“ го имаше кај неколку граѓани кои се соочија со овој проблем да не можат да ги подигнат 6.000 денари преку „Купувамдомашно.гов.мк“, тие се уште не се прераспределени.

Со изгласувањето на амандманите, парите ќе ги добијат и 2.132 граѓани, чии приговори беа прифатени. До Владата беа поднесени и 78 илјади приговори.

Додека и натаму трае исплатата на четвртиот пакет-мерки, Владата донесе и петти пакет економски мерки наменет за граѓаните и компаниите. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки во вредност од 9,7 милијарди денари или приближно 160 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата