Владата донесе уредба за промена на договорните услови на кредитите

Од:

Владата донесе повеќе уредби за олеснување на финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во услови на криза, меѓу кои и за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

– Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците. На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е донесена Уредба со законска сила за примена на законот за буџетите за време на вонредна состојба, со која се дава поголема флексибилност на буџетските корисници при управувањето и користењето со планираните средства, односно се овозможува поефикасно делување во справувањето со епидемијата.
За Фискалната стратегија за среднорочен период од три години, завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, прераспределбата во рамки на одобрените буџети на буџетските корисници и прераспределбите меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите ќе се применуваат одредбите од оваа уредба. Во член 2 се утврдува дека активностите за подготовка и донесувањето на Фискалната стратегија за среднорочен период од три години и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, соопшти владината прес-служба.
Уредбата со законска сила за примена на законот за буџетите за време на вонредна состојба во член 3 наведува дека буџетските корисници, можат со прераспределба да ги намалат одобрените средства со буџетот до 70 проценти на ниво на ставка, во рамки на потпрограма и буџет, а во член 4 дека Владата на РСМ одлучува за прераспределбите меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, на предлог на Министерството за финансии.
На денешната седница е усвоена и Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба,  како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување и ширење коронавирусот. Се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015 отсто за секој ден задоцнување, наместо 0,03 проценти како што уредува Законот.
Исто така, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни годинава.
Усвоена е и Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Тоа е мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот  да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2020 година.
-Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход се предлага да имаат даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт). Тие треба да го исполнат условот да не го намалат бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
Исто така, се предлага правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење. Покрај условот за вработените  треба да исполнат и еден од следните услови: Вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период претходната година, или – бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25 проценти во однос на вкупниот број вработени во однос на февруари 2020 година или даночниот обврзник затвори најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).
Меѓу мерките за поддршка на компаниите е и ослободувањето од плаќање на износот на аконтации на Данок на добивка за март, април и мај годинава, што, исто така е регулирано со Уредба на денешната владина седница.
Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка ќе имаат даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55- објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- воздухопловен транспорт).
За да ја користат оваа мерка треба да не исплаќаат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
Исто така, правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатите услови вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 отсто во однос на истиот период претходната година или бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25 отсто во однос на вкупниот број на вработени во однос на февруари 2020 година или ако даночниот обврзник затвори најмалку 50 отсто од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).
На предлог на Министерството за економија, денеска Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба.
-Со членот 1 од Уредбата се регулира примената на Законот за трговските друштва за време на траењето на вонредната состојба, при што е уредено дека за свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила. Во таа насока со членот 2 од Уредбата се овозможува пролонгирање на роковите за свикување и одржување годишно собрание на акционери, како и собир на содружници, од страна на трговските друштва, за време на траењето на вонредната состојба. Пролонгирањето на роковите се однесува и на започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собирот на содружници, стои во соопштението.
Се предвидува дека ова законско решение ќе овозможи поволни услови за трговските друштва во однос на обврската за свикување и организирање годишни собранија на акционери, односно собири на содружници, во чии рамки се усвојуваат годишни сметки и финансиски извештаи, како и се одобрува работата на членовите на органот на управување во друштвото.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада