Владата денеска на веб страната ќе го објави францускиот предлог

Од:

Во владата денеска ќе се одржи средба на владината коалиција на која ќе се разгледува францускиот предлог. По средбата предлогот ќе биде објавен на веб страната на Владата најави премиерот димитар Ковачевски.

-Во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата.
Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог. Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани се вели во објавата на Ковачевски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски