Владата бара плажите да бидат ослободени од нелегалните стопанственици, УЈП и Пазарен инспекторат ќе контролираат

Од:

Сите кои имале договор за закуп на плажа и истиот е истечен или, пак, раскинат мора да ги вратат земјиштата во првобитна состојба, се вели во уредбата која Владата ја донесе на денешната седница. Со неа се опфаќаат и нелегалните стопанственици со плажите во Охрид кои узурпирале 25 локации на охридското крајбрежје.

Проверка нема да вршат општинските инспектори, туку Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои од нелегалните стопанственици ќе треба да бараат договор за закуп, а, пак, доколку тие го немаат, тогаш согласно законите ќе тие ќе бидат казнети, а нивните објекти затворени. Уредбата треба да резултира со враќање на сите плажи во целосно владение на Општина Охрид, сè додека физички или правни лица не склучат нов договор за концесија.

„Владата денеска ја дополни уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат“, се вели во уредбата на Владата.

Оваа уредба ќе важи до крајот на годината. Доколку некоја од фирмите, иако нема концесија на плажата, одбие да постапи согласно уредбата и да ја врати во првобитна состојба, тогаш ќе постапат инспекторите од Пазарниот инспекторат.

„Надзорот над вршењето на дејноста во рамки на градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичко- планска документација за плажа, се врши од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, a непостапувањето од страна на закупецот во согласност со член 2-а од оваа уредба, претставува основ Државниот пазарен инспекторат да изврши затворање на објектите“, се додава во уредбата.

„А1он“ веќе објави дека договорите за закуп на плажите во Охрид се истечени пред повеќе години, а последниот во 2018 година. Според истенчените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит.

Би можело да ве интересира

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата