А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата бара начин да ги зголеми овластувањата на инспекторите

by А1он05/10/2020 - 15:4305/10/2020 - 16:08619
Share0

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби, одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.

Добивај вести на вибер

На состанокот беа разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со коишто се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво. Предлог измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.

Инаку, од почетокот на месецот до денеска, Државниот пазарен инспекторат изврши 160 контроли во целата држава, од кои најмногу во Битола (37), Гостивар (30), Скопје (28) и во други градови. Притоа, поднесени се 18 кривични пријави, издадени се 8 решенија за пречекорување на работно време и изречени се 22 глоби.

inspekciiinspektorivlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски05/12/2025 - 10:3805/12/2025 - 10:40

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски01/12/2025 - 15:3901/12/2025 - 15:49

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

Горан Наумовски27/11/2025 - 18:07

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Горан Наумовски16/11/2025 - 19:16

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Горан Наумовски28/10/2025 - 14:52

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен