Влада: Утврдена делегацијата за Стратешкиот дијалог со САД

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

За координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја предводи делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал.

Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Северна Македонија за зачленување на ЕУ, претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, нашите заложби во рамки на Самитот за демократија на претседателот Бајден и други теми од интерес.

Би можело да ве интересира

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината