Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Од:

Владата денеска преку соопштение реагира на денешните јавни настапи и изјави на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, оценувајќи ги како обид за создавање лажна слика за социјалниот дијалог.

– Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот, се наведува во реакцијата.

Се посочува дека „ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира тој да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“.

– Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи тој да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации, се истакнува во реакцијата.

Реакцијата следи по денешната објава на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија во која се посочува дека претставниците на Владата не се појавиле во ССМ по повикот од претседателот на ССМ Слободан Трендафилов од петокот.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за септември е 69.432 денари

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп