Влада: Пауновски доби три дописи за неговото непостапување, имаше и усни укажувања

Од:

И денеска продолжува јавната конфронтација меѓу директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски и Владата. Од Владата попладнево објавија дека Пауновски во април добил три укажувања за неговото непостапување во случајот со преземањето на рамковно вработените од Министерството за политички систем и за односи меѓу заедниците.

На Твитер профилот на портпаролот на Владата се наведени датумите кога биле испратени дописите до ДПИ од две министерства.

„Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици“ – се вели во објавата.

Ова соопштение од Владата следи по изјавата на Пауновски дека не добил никакво укажување од Владата за неговото однесување.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Во Пазарен инспекторат има само половина од предвидените инспектори